Oткако Велика Британија најави укинување на рестриктивните мерки, со што им даде надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално годинава, резервациите за летни одмори скокнале за 600 проценти.

Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации за аранжамни почнувајќи од јули.

Kомпанијата „Изиџет“ соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле за 300 проценти, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено откако владата најави дека од средината на мај може да продолжат патувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.