Турската централна банка ја забрани употребата на криптовалути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги.

Централната банка го објасни таквиот потег, оценувајќи дека трансакцијата со криптовалути е многу ризична.

Се повеќе Турци користат криптовалути за да ги заштитат своите заштеди од зголемената инфлација и падот на турската валута.

Имотот во криптовалути не подлежи на никакви механизми за регулирање и надзор на централното регулаторно тело. Нивните пазарни вредности можат да бидат многу променливи – соопшти банката.

Една од причините е можноста за незаконска употреба на тие средства поради „анонимни структури“.

Одлуката ќе стапи во сила на 30 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.