Повеќе од 60 шумски избувнале во 17 провинции на егејскиот и медитеранскиот брег на Турција. Илјадници туристи се евакуирани од туристичките центри.

Сателитските снимки од шумските пожари покажуваат интензитети на топлина повисоки од се што е досега снимено во таа земја, пишува Гардијан. Минатата недела е соборен и топлотен рекорд стар 60 години кога во Чирезе, град на југоистокот на земјата, се забележани 49,1 степени Целзиусови.

Турските медиуми објавуваат фотографии од популарните одморалишта на егејскиот брег опкружени со запалени шуми и полиња претворени во пепел. Во Бодрум, во провинцијата Мугла, изгореле 80 хектари шума и покрај напорите на пожарникарите, како на терен, така и во воздух.

Пожарите отсекле два хотели од безбедната зона, евакуирани се 4.000 туристи и персонал. Шумските пожари се вообичаена појава во Турција, но овие во изминатите неколку дена се исклучителни.

Сателитски снимки од Службата за мониторинг на атмосферата на ЕУ, „Коперник“, покажува дека интензитетот на топлината од пожарите во Турција достигнал околу 20 гигавати, што е четири пати повеќе од претходниот максимум.

Тие бројки го надминуваат она што го видовме во последните 19 години. Чадот од пожарите во близина на Анталија и Мерсин сега се сели на Кипар – вели Марк Парингтон, виш научник во службата за мониторинг на атмосферата во ЕУ.

Жителите на погодените градови за новинарите изјавиле дека никогаш порано не виделе нешто слично.

Турскиот климатски научник Левент Курназ вели дека времето создало услови за потпалување на пожари.

Прогнозите се дека топлотниот бран ќе продолжи и следната недела, кога треба да биде уште посилен. Во Анкара и некои други градови, прогнозата за следната недела е за 12 степени Целзиусови повисоки температури од вообичаениот просек во август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.