Турските власти го осудија францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдок поради крикатурата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека тој чин е „одвратен обид за ширење културен расизам и омраза“.

Турскиот гнев поради карикатурата додаде масло во огнот во односите меѓу Турција и Франција, а сè започна поради карикатура со пророкот Мухамед, поради што тинејџер го уби неговиот професор во Париз, пренесува Ројтерс.

Силно ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во едно француско списание, кое не почитува ниту една религија. Ништо не им е свето, тие немаат никаква вредност, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.

Тој додаде дека во Шарли Ебдо  само покажале колку се „вулгарни и неморални“.

Ширење расизам и омраза. Нападот на нечии приватни ставови не е хумор, ниту е слобода на изразување, додаде Калин.

На насловната страница на „Шарли ебдо“, Ердоган е нацртан како седи во бела кошула и долна облека, држи лименка пијалок и женско здолниште со хиџаб.

Фахретин Алтун, главен портпарол за медиуми на Ердоган, рече дека антимуслиманската пропаганда на Макрон „вроди со плод“.

Го осудуваме најгрозоморниот чин предизвикан од најновата карикатура, која шири расизам и омраза, напиша Алтун на Твитер.

Ердоган во саботата го критикуваше Макон, велејќи дека треба да оди „на преглед на главата“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.