Во југоисточниот дел од Турција во шлепер, кој бил запленет, откриено е еден тон марихуана, пренесуваат турските медиуми.

Полициското куче трагач Маја откри тон марихуана која била скриена во ПВЦ-цевки, во шлепер. Возачот на камионот е уапсен, а во тек е истрагата за случајот.

Одгледувањето и шверцот на марихуана и други опијати претставува еден од главните извори на финансирање на ПКК, која дејствува во планинските непристапни региони до кои нема пристап во југоисточниот дел на Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.