Турција нема да се двоуми да обезбеди каква било воена поддршка па дури и да испрати војска во Нагорно Карабах, доколку Азербејџан го побара тоа, порача турскиот потпретседател, Фуат Октај.

Тој, сепак, објасни дека неговата земја досега нема добиено такво барање.

Октај,  во интервју за „Си-ен-ен Турк“, ја критикуваше Групата од Минск на ОБСЕ тврдејќи дека се обидува да го задржи проблемот нерешен и да ја поддржи Ерменија, како од политички, така и од економски аспект.

Со Група од Минск претседаваат Франција, Русија и САД и таа е ангажирана за да посредува во овој конфликт.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, претходно изјави дека не гледа можност за постигнување дипломатско решение во оваа фаза на конфликтот со Азербејџан околу Нагорно-Карабах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.