Турција испрати барање до САД за купување 40 воени авиони Ф-16, јави турската приватна телевизија НТВ. Во писмото, испратено на 30 септември, се бара и модернизација на 80 авиони Ф-16 од авијацијата на турските вооружени сили. Барањето на Турција ќе го разгледа Пентагон.

Доколку биде одобрено, ќе биде префрлено на Конгресот на САД за конечно одобрување.

Според економските кругови, вредноста на продажбата изнесува 10 милијарди долари. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден треба да се сретнат во Рим за време на самитот на Г20 на крајот на октомври. Се очекува прашањето за борбените авиони, што Турција сака да ги купи, да биде отворено за време на разговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.