Тунис воведе пропусница за коронавирус за сите свои граѓани и за сите странски посетители, согласно претседателски декрет.

Според уредбата, сите службеници, вработени, но и корисници на услуги во јавниот и приватниот сектор се должни да покажат пропусница за Ковид што содржи потврда за вакцинација или доказ за прележан Ковид-19 или негативен тест.

Таа ќе биде потребна и за влез во кафулиња, ресторани, хотели и туристички објекти, се наведува во декретот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.