Два самоубиствени напада беа извршени денеска во Тунис при што загина полицаец и ранети се најмалку осум луѓе.

Полицаец загина во првиот напад извршен на улица во галвниот град на Тунис извршен во близина на полициско возило. Во тој напад ранети се тројца цивили и полицаец.

Вториот напад е извршен во близина на полициска станица каде се ранети четворица полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Терористичкиот напад на плажата во Тунис во кој загинаа 38 туристи, се случи пред точно 4 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.