Канадскиот премиер Џастин Трудо остана без зборови, молчејќи околу 20 секунди, во моментот кога новинарите побараа од него да го каже она што го мисли за заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воена мобилизација против насилните протести во САД.

 Сите гледаме со ужас и вознемиреност на она што се случува во САД, рече тој најпосле.

Сега е време за слушање, време е да ги зближиме луѓето и време е да научиме дека неправдите продолжуваат, и покрај напредокот постигнат во текот на годините и декадите, додаде Трудо.

Сепак, во одговорот се концетрираша на Канада, оценувајќи дека во земјата претстои уште многу да се направи во смисла на борбата против расизмот, пренесува британски Телеграф.

Тој исто така предупреди да не се прават споредби помеѓу Канада и САД или да се заклучи дека „тука сме многу подобри“.

Канаѓаните (треба) да признаат дека ние, исто така, ги имаме нашите предизвици, дека црните Канаѓани се соочуваат со дискриминација како жива реалност секој ден, рече тој.

Треба да го гледаме ова не само како влада и да преземеме акција, туку треба да го гледаме како Канаѓани. Треба да бидеме сојузници во борбата против дискриминацијата, потенцираше Трудо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.