Странски туристи кои не се вакцинирани против ковид-19 нема да можат да влезат во Канада затоа што владата не сака да го загрози напредокот постигнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот, рече премиерот Џастин Трудо.

– Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште долго време – одговори Трудо на прашањето, кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани лица.

Трудо додаде дека повеќе ќе зборува за тоа во наредните недели кога ќе може да се отвори канадската граница за целосно вакцинирани туристи.

Канада има 1,42 милиони заболени и над 26.000 смртни случаи од ефекти на инфекција со коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.