Најмалку три лица загинале во невреме што го зафати Мелбурн. Меѓу нив се наоѓа и четиригодишно момче.

Детето, врз коепаднало дрво, починало откако било префрлено во болница. Еден 59-годишен маж загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил, соопштија од локалната полиција.

Околу 50.000 домови во вториот по големина австралиски град сè уште се без електрична енергија.

Службите за итни случаи добиле повеќе од 1.700 повици за помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.