Три лица го загубија животот, а единаесет се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови на брегот на Црно Море во Турција, потврди министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу соопшти дека надлежните служби спасиле 127 лица, јавија американските медиуми, додавајќи дека еден од починатите во поплавите бил полицаец.

Поради обилните дождови на турскиот брег на Црното Море и свлечиштата што се придвижија, евакуирани се станарите од станбените згради во провинцијата Риза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.