Тројца блиски соработници на американскиот потпретседател Мајк Пенс се позитивни на Ковид-19, но самиот Пенс не е заразен и ќе продолжи да работи на бројни предизборни активности.

Марк Шорт, шеф на персоналот во Кабинетот Пенс, кој важи за еден од најголемите скептици во врска со ефективноста на вонредните анти-корона мерки, беше тестиран позитивен, имаше симптоми и е во самоизолација.

Мати Обст, близок соработник и советник на потпретседателот на САД, кој го придружуваше Пенс на бројни изборни патувања во минатото, исто така е позитивен на Ковид-19.

Друго, трето лице од најблискиот круг на соработници на Пенс е исто така позитивно на вирусот, но од „Си-Ен-Ен“ не успеале да дознаат за кого станува збор.

Мајк Пенс и неговата сопруга се тестирани и двајцата се негативни, тврдат претставници на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.