Најмалку три лица, две жени и еден маж, се убиени во нападот пред црквата Нотр Дам во Ница во четвртокот, пренесуваат француските медиуми. Напаѓачот е критично повреден од стана на полицијата и потоа приведен.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси рече дека „нема сомнеж“ дека „ние сме уште еднаш жртви на исламскиот фашизам“, пишува „Ле Фигаро“.

Францускиот обвинител за антитероризам отвори истрага за инцидентот, а се очекува во текот на денот во Ница да допатува и францускиот претседател Емануел Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.