Италијанската полиција соопшти дека службите специјализирани за борба против шверц на наркотици заплениле шест тони хашиш од јахта, која пловела под американско знаме.

Тројцата членови на екипажот, идентификувани како државјани на Бугарија, се приведени и одведени во затвор во Палермо.

Според полицијата, вредноста на дрогата на црниот пазар би изнесувала околу 13 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.