Воени хеликоптери, наводно, ја продолжија потрагата во северниот дел на земјата, откако планинарот Али Садпара и неговите двајца пријатели, Џон Снори од Исланд и Хуан Пабло Мор од Чиле, изгубија контакт со базата, објави АП.

Во петокот изгубиле контакт со кампот и нивното исчезнување било пријавено во саботата, кога тимот за поддршка престанал да прима извештаи од нив, при обид да се искачат на врвот висок 8.611 метри.

Хеликоптерите стигнале на надморска височина од 7.000 метри и се обиделе да ги лоцираат исчезнатите планинари, но без успех.

Со Пакистанецот бил и неговиот син, кој се вратил во логорот. Имено, Садпара е еден од најдобрите пакистански алпинисти, кој се качил на осум највисоки планини, а на К2 тргнал со синот, но го вратил поради проблеми со маската за кислород.

Синот се спуштил во логорот, верувајќи дека тројката стигнала до врвот и дека наскоро ќе се вратат.

Во шаторот цела ноќ имав запалено ламба за на симнување да не го промашат логорот, вели тој.

Додава дека шансите за преживување зимно време на 8.000 метри повеќе од два – три дена се речиси нинкакви, но уште се надева дека ќе продолжи потрагата по телата на неговиот татко и двајцата други алпинисти.

Пред три дена беше пронајдено и телото на бугарскиот алпинист Атанас Скатов кој сакаше да се искачи на К2.

Пронајдено е безживотното тело на бугарскиот алпинист Атанас Скатов кој сакал да се искачи на врвот К2 во Пакистан, вториот највисок врв во светот по Монт Еверест, со висина од 8.611 метри, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бугарското национално радио објави дека Скатов, кој започна уште едно тешко искачување во зима, паднал на место надвор од дофатот на спасувачките екипи.

Врвот К2 припаѓа на ланецот Каракурум, што продолжува кон Хималаите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.