Руските сестри, Кристина (21), Ангелина (20) и Марија (19) Хачатуријан во јули 2018 година го признаа убиството на 57-годишниот татко Михаил, но и неколку години подоцна, случувањата познати под името „Случајот Хачатуријан“ и понатаму предизвикува дебати во Русија.

Сестрите тогаш добија по 20-годишна затворска казна за стореното дело, но денес изгледа дека случајот добива сосема нова насока, пренесува РТ.

Во вторникот, на 23 март, адвокатот на Ангелина Хачатуријан, Алексеј Паршин, за државната новинска агенција ТАС изјави дека Истражниот комитет официјално ги известил адвокатите на сестрите дека против починатиот Михаил Хачатуријан е отворена кривична истрага. Според адвокатот, случајот сега е насочен кон обвинувањата за сексуалните напади, сексуалното присилување и мачењето, со што на девојките се гледа како на жртви.

Адвокатот Алексеј Паршин верува дека признанието на жртвите во овој случај ќе овозможи завршување на кривичната постапка против сестрите Хачатуријан кои се обвинети на 20-годишна затворска казна поради убиство на својот татко.

Доколку Михаил Хачатуријан биде прогласен за виновен за сите гореспоменати злосторства, тоа ќе овозможи „дополнителни и несоборливи докази“ дека сестрите Хачатуријан постапиле исклучиво во „самоодбрана“ за време на убиството.

Сестрите Хачатуријан се осудени поради убиство со предумисла. Нивниот адвокатски тим длабоко тврди дека тие постапиле исклучиво во самоодбрана по долгогодишното насилство, тепањето, силување и омаловажување кое го трпеле од својот татко.

За потсетување, поради контроверзниот закон во Русија кој значително го ублажува казнувањето на злоставувачите во семејството, случајот го подели општеството.

Во документот, чија скратена верзија беше објавена на Фејсбук страницата на адвокатот на Ангелина, Алексеј Паршин, се наведува дека девојките редовно биле изложени на сексуално злоставување и понижување од страна на нивниот татко.

Како што се наведува, на денот на убиството Михаил Хачатуријан во повеќе наврати ги понижувал своите ќерки, а потоа најстарата Кристина ја испрскал со спреј во лицето, по што таа ја изгубила свеста.

Адвокатите кои ги застапуваат сестрите Хачатуријан тогаш се обратија до шефот на рускиот Истражен комитет Александар Бастрикин во обид да се поништи обвинението во корист на оние кои го одржуваат одбранбениот карактер на женските акции.

Обвинението е, благо речено, чудно. Случајот на Обвинителството е полн со претпоставки, измислени работи, недоследности – напиша тогаш адвокатот Паршин.

Судењето тогаш внимателно го следеа медиумите, поради што се отвори дискусија за пристапот на општеството кон семејното насилство по воведувањето на законот во 2017 година со кој се декриминализираат повеќе облици на насилство.

Околу 350 лица на 19 јуни таа година се собраа пред седиштето на Истражниот комитет во Москва, сакајќи да ги одбранат сестрите.

„Неопходна самоодбрана не може да биде злосторство“, „Затоа што се спасија се соочуваат со 20 години затвор. Нема повеќе вина кај жртвите“, пишуваше на плакатите.

Според првиот извештај, злосторството било спонтано, откако таткото ја нападнал Кристина, по што таа го земала ножот. Иако, медиумите наведуваат дека таткото спиел кога една од девојките го нападнала со нож, а потоа се придружиле и другите две со нож и чекан. Бројот на убоди варира од 36 до 45, а убиениот имал рани по вратот, околу срцето и по стомакот.

Судот тогаш го отфрли тврдењето дека злосторството е направено поради тоа што тие повеќе не можеле да го трпат злоставувањето и покрај сведочењето на соседите и пријателите кои го потврдиле исказот на обвинетите.

Според сведоците, на ќерките не им било дозволено да излезат надвор, дури ни во училиште, а тој се однесувал како вистински тиранин. Наводно им се заканувал со пиштол и редовно ги тепал, а им забранувал и излегувања со пријатели. Дури и мајката на девојките побегнала поради малтретирањето. Една од обвинетите во еден момент била принудена да јаде влакна од куче од подот.

Секогаш ги тепаше. Еднаш ги однесе во шума и им се закани дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој им забрани секаква комуникација со неа. Тој беше поврзан со подземјето –изјави тогаш една семејна пријателка.

За Хачатуријан се знаело дека бил близок со криминалци. Додека му бил претресуван станот, биле пронајдени оружје и два килограма хероин.

И самиот конзумирал дрога, а со своите ќерки организирал низа скандалозни активности. Не работел никаде, а семејството живеело навистина добро.

По најновите наводи на адвокатите, Русија повторно се дигна на нозе, барајќи апсолутно ослободување и правда за сестрите Хачатуријан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.