Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека сите работници на нуклеарната централа во Чернобил, кои биле таму од почетокот на војната и сакале да ја напуштат, ја напуштиле електраната.

Украинскиот регулатор објави дека половина од техничкиот персонал е сменет вчера, а остатокот денеска, со исклучок на 13 работници кои не сакале да ротираат – соопштија од МААЕ.

Во соопштението се додава дека во нуклеарната централа останале и повеќето работници од обезбедувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.