Тригодишното момче кое повикало брза помош откако неговата мајка била повредена, научило да го бира бројот за итни случаи – 999 од цртаните филмови на Јутуб.

Мајката Кејли Бофи вели дека е „повеќе од горда“ на својот син Томи откако паднала по скалите во нивниот дом во Роули Реџис, во Вест Мидлендс, објави „Би-Би-Си“.

Се чувствувам многу среќна и благословена што имам мало момче кое ги слушнал советите од цртаните филмови за јавување на 999 – вели Бофи.

Службениците и брзата помош пристигнале на помош за 10 минути, откако младото момче им објаснило за нивната локација.

Потсетувајќи се на инцидентот, г-ѓа Бофи вели дека „сè уште не и е јасно“ како дошло до незгодата.

Се качив на катот за да му земам облека и следното што го знам е дека откако излегов од спалната соба бев на дното од скалите и зборував со полицијата – вели таа.

Таа вели дека е изненадена што нејзиниот син изреагирал јавувајќи се на 999.

Г-ѓа Бофи се надева дека со објавувањето на случајот со Томи, ќе поттикне повеќе родители да ги научат своите деца што да прават во итен случај.

Таа додава дека цртаните филмови се добар начин да се поучат малите деца како да се јават на бројот 999.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.