Вкупно три лица загинаа во пукање што се случи во Калининград, Русија, соопштија локалните власти, наведувајќи дека причина за нападот најверојатно е приватна расправија.

Според руските медиуми, напаѓачот со огнено оружје убил маж и бремена жена и го ранил нивниот 13-годишен син, кој бил хоспитализиран.

Напаѓачот потоа се обидел да се самоубие, по што во болница им подлегнал на повредите.

Локалните власти соопштија дека пукањето се случило на централниот градски пазар и оти вооружениот со месеци бил во судир со семејството кое го застрелал со ловечка пушка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.