Тројца полицајци загинале, а еден е ранет во престрелка што се случила рано изутринава во Пи де Дом во централна Франција.

Полицајците одговориле на повик за семејно насилство, по што 48-годишен маж пукал кон нив кога се обиделе да спасат жена. Човекот потоа ја запалил куќата.

Жената побегнала на покривот, а според извештаите на медиумите, сега е безбедна.

Полициската акција е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.