Антитерористичките единици испитуваат три пакети што содржат експлозив, а се пронајдени на аеродромот „Хитроу“, потоа на аеродромот „Сити“ во Лондон и на станицата Ватерло.

Малите импровизирани експлозивни направи беа пронајдени во поштенски торби, информира полицијата.

Никој не е повреден, но според полицијата, станува збор за поврзани настани. Дел на аеродромот „Хитроу“ беше евакуиран кога сомнителниот пакет беше пријавен во полиција во 9.55 часот по локално време.

Во наредните три часа уште два пакета беа пронајдени во главниот град на Обединетото Кралство. Припадниците на специјалната полиција се на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.