Три гласни експлозии одекнале вечерва во Багдад, по што биле слушнати сирени, јавува Ројтерс повикувајќи се на сведоци.

Агенцијата додава дека три „Качуша“ ракети паднале во Зелената зона во централен Багдад, каде се сместени владини згради и дипломатски објекти. Според нив барем една од ракетите паднала на 100 метри близина од американската амбасада.

Ирачкиот новинар Барзан Садик објавил снимка на која, како што навел тој, се слушаат сирени на американската амбасада. Покрај снимката напишал дека две ракети „Качуша“ паднале во близина на американската амбасада во центарот на Багдад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.