Милиони Индијки се фатија за раце покрај патиштата и автопатиштата во индиската држава Керала на првиот ден од 2019 година за да испратат силна порака за родова еднаквост.

На протестот „Женски ѕид” или Vanitha Mathil се обраа околу 3 милиони жени од сите возрасти и сфери на општеството. Човечкиот синџир долг 620 километри, разнобоен од женските фустани, може да биде еден од најдолгите во светот.

Настанот траеше 15 минути при што учесниците ветија дека ќе се борат за еднаквост за жените, ќе им се спротивстават на обидите да се направи Керала лудница и дека ќе се борат за секуларизам.

Протестот бил поттикнат од спор околу пристапот на жените до едно познато светилиште на Сабаримала во Керала. Хиндуистичкиот храм е отсекогаш затворен за жените што се во репродуктивен период односно што имаат менструален циклус.

Иако највисокиот суд во Индија ја поништи забраната во септември, машките посетители оттогаш ги напаѓаат женските верници. Последниот инцидент се случи пред неколку дена кога огромна толпа машки верници се обиделе да спречат две жени да стигнат до светото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.