Во рамки на одговорот на Администрацијата на проширениот а коронавирус, претседателот Доналд Трамп денеска изнесе нови олеснувања за американските граѓани во справување со последиците од болеста, и се подготвува да ја ангажира индустријата за одбрана на САД „во случај да затреба“.

На прес конференција во Белата куќа, претседателот изјави дека Одделот за станбен и деловен простор и урбан развој ги прекинува до април сите продажби на неисплатени хипотекарни недвижности и иселувања на семејства од домови ставени под хипотека, за да олесни на оние кои „и така се во тешка ситуација со справување со болеста“.

Од другите мерки што се преземаат во одговор на ширењето на инфекцијата, Трамп најави активирање на Законот за одбранбено производство, „во случај да затреба“, во време кога Владата ги засилува ресурсите за очекуваниот наплив од нови случаи на вирусот.

Законот првпат е донесен за време на Корејската војна во 1950 година и како реакција на започнатата Студена војна. Според овој закон, достапните индустриски капацитети на САД се ангажираат за производство и изградба во полза на националната одбрана.

Трамп изјави дека ќе се зголемат капацитетит на земјата за тестирање од вирусот и дека наредил разместување болничен брод на американсата морнарица во градот Њујорк, кој забрзано станува епицентар на коронавируст во САД. Уште еден брод ќе биде испратен на западниот брег.

Синоќа вирусот беше регистриран и во Западна Вирџинија, последната држава каде досега немаше забележано случаи и со тоа коронавирусит сега се прошири во сите сојузни држави.

Според официјални лица, американското здравство можеби не е подготвено за тоа што следува ако населението во САД не се придржува до предупредувањата за лимит во меѓусебните интеракции.

Во САД доесега се забележани над 7.300 случаи од короавирус, додека 115 лица починаа. Во обид да се спречи ширењето на болеста, Канада и САД денеска ја затворија меѓусебната копнена граница „освен за итни случаи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.