Американски „Њујорк тајмс“ објави делови од книгата „Гранични војни: Нападот на Трамп на миграцијата“ која ќе биде објавена на 8 октомври.

Во книгата се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп на своите соработници им предлагал да се борат против мигрантите од мексико така што ќе им пукаат во нозе, ќе направат ровови полни со змии и алигатори, или да постават шилци на врвот од ѕидот или да се електрифицира.

Во книгата на новинарот Мајкл Д. Шир и Џулија Хиршфелд Дејвис се наведува дека Трамп во тек на низа состаноци им го рекол ова на своите советници во март, пренесуваат британските медиуми.

„Правите да изгледам како идиот“, викал Трамп на соработниците кои не се сложувале со неговите идеи.

Меѓу присутните соработници на состанокот биле и тогашната државна секретарка за безбедност Кирстен Нилсен и тогашниот советник, негов зе Џаред Кушнер, кои го напуштиле состанокот панично.

Како што се наведува, трамп имал идеја граничниот ѕид да се обои во црно, за да апсорбира повеќе топлина. па на они кои сакаат да го прескокнат да им биде потешко, а размислувал и за конструкција на површината која би оневозможувала качување, како и заоблени метални цилиндри, но тоа естетски не му се допаднало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.