За американскиот претседател Доналд Трамп  демократскиот претседателски противкандидат Џо Бајден е „најлошиот кандидат во историјата“, а ова тој го кажа на митинг во Висконсин.

-Доколку загубам, што треба да направам? Повеќе би се кандидирал против некој што е исклучително талентиран, барем на тој начин можам да си одам и да си го водам животот, рече Трамп.

Трамп, кој се зарази со коронавирус, на средбата со приврзаниците повторно инсистираше на тоа дека е имун на заразата, кажувајќи дека неговото здравје брзо се подобри.

Трамп рече дека „сега може да скокнам во публика и сите да ги бакнам, и жени и мажи“, пренесе Гардијан.

Трамп продолжи да одржува политички митинзи и покрај заканата од коронавирусот, за кој беше хоспитализиран неколку дена претходно во текот на месецот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.