Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека тој е победник на претседателските избори во Пенсилванија. Според неговата објава на твитер, немало можност да се видат 700.000 гласачки ливчиња.
-Во Филаделфија и Питсбург не ни беше дозволено да видиме 700.000 гласачки ливчиња, а тоа значи дека врз основа на нашиот голем Устав, победуваме во државата Пенсилванија, соопшти американскиот претседател.
Оваа сојузна држава е една од клучните. Победата таму значи 20 добиени електрски гласа. Претходно, Апелацискиот суд на третиот округ на САД, ја одби жалбата на Републиканците кои бараа гласачките ливчиња испратени по пошта на денот на гласањето во Пенсилванија да се признаат за неважечки.
Според конечните резултати објавени во американските медиуми, победник на изборите е демократот Џо Бајден со вкупно добиени 306 електорски гласови. Републиканецот Доналд Трамп доби 232 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.