По нападот на Иран врз најмалку две воени бази на САД во Ирак во кои се сместени војници на САД со повеќе од 12 проектили, а во кој се убиени најмалку 80 „американски терористи“, на Твитер се огласи американскиот претседател. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”, а доаѓаат откако во петокот САД со дрон го убија иранскиот генерал Сулејмани.

Сè е добро! Ракети се истрелани од Иран врз две воени бази во Ирак. Сега се извршува проценка на жртви и штети. Досега, е добро! Имаме најмоќна и добро опремена војска насекаде во светот, објави американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

Во твит пораката на шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф пак, се наведува дека станува збор за соодветна мерка на одмазда, но оти Иран не сака војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.