Здравствените власти во Тулса, Оклахома, го обвинуваат американскиот претседател Доналд Трамп за наглиот пораст на заразени со коронавирус, откако на 20 јуни на предизборен митинг собра неколку илјади луѓе во затворена сала.

Шефот на здравствените служби во Тулса, Брус Дарт рече дека собирот „повеќе од веројатно“ го предизвикал наглиот скок на случаи на заразени граѓани.

– Последните неколку денови имавме нагол раст од над 500 случаи, а знаеме дека пред нешто повеќе од две седмици имавме неколку големи собири, рече дарт, пренесува ДПА.

На собирот на Трамп во Тулс, неговите приврзаници не носеа маски, а медиумите известуваа дека персоналот од организацијата ги одлепувал налепниците со кои се повикува на противепидемски мерки

Предизборниот собир беше проследен со масовен протест против расизмот, а дојде и до судири со полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.