Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи неговата внука Мери и новинари од „Њујорк Тајмс“ затоа што во 2018 година биле „ангажирани во подмолен заговор“ да ги разоткријат неговите сомнителни даночни шеми во 90-тите. Трамп смета дека Мери го прекршила договорот кој ѝ забранувал да објавува документи за даноците.

Мери минатата година објави книга со мемоари во која опишува како им ги доставувала даночните документи на новинарите од „Њујорк тајмс“.

Книгата на Мери има и скандалозно име: „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“, а Трамп, иако ја тужи за протечените информации, го негира она што внатре го објавила внуката за него.

Група новинари од „Њујорк тајмс“, среде обемната крстоносна војна за да ги добијат доверливите даночни документи на Доналд Трамп, безмилосно ја побараа неговата внука Мери…и ја убедија да ги прошверцува записите од нејзиниот адвокатски кабинет, се наведува во обвинението од Трамп.

Мери лани го тужеше Доналд и нејзините брат и сестра, дека ја измамиле и ѝ го зеле наследството. Мери и самата е адвокатка, има 56 години, а внука му е на Трамп од неговиот постар и починат брат, Фреди Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.