Претседателот на САД Доналд Трамп денес повторно се закани дека ќе ја уништи турската економија, откако всушност на Турција и даде одврзани раце да се пресметаат со Курдите на северот од Сирија.

-Како што и претходно говорев, доколку Турција направи нешто што јас, во својата огромна и ненадмината мудрост, сметам дека е недозволено, јас потполно ќе ја уништам турската економија, а веќе сум го правел тоа, пишува Трам на Твитер.

Според неговите зборови, Турците, Европјаните и другите треба да водат сметка за заробените џихадисти и нивните семејства.

-САД направија повеќе од што можеше да се очекува, вклучувајќи  стопроцентно преземање на калифатот на Исламска држава. Сега е време, другите од регионот, некои од нив се многу богати, да ја штитат сопствената територија, напиша Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.