Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторник ќе објави дека е кандидат за претседателските избори во 2024 година, потврди вчера неговиот близок советник.

Поранешниот претседател Трамп во вторник ќе објави дека е кандидат за претседателските избори. И тоа ќе биде многу професионална, многу уредна најава, рече неговиот советник Џејсон Милер.

76-годишниот републиканец смета дека прашањето за неговата кандидатура „не треба ни да се поставува“, објасни Милер. Дури и ако влијанието на Трамп врз Републиканската партија остане непобитно, тој сепак излезе ослабен од среднорочните избори во вторникот, кога многу негови истомисленици потфрлија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.