Претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп предвидува „уште поголема“ изборна победа за неговата кампања овој ноември отколку во 2016 година.

Говорејќи во петокот на тркалезна маса „Латиноамериканците за Трамп“ во Флорида, американскиот претседател им порача на присутните да очекуваат „уште четири големи години“ доколку го победи поранешниот потпретседател Џо Бајден, тврдејќи дека 2021 година ќе биде „една од најдобрите“ досега за американската економија.

Претходно оваа недела, две анкети на Универзитетот „Квинипиак“ покажаа дека Трамп го води Бајден во Тексас, но двајцата кандидати за претседател се практично врзани во Охајо, држава која традиционално важи за „бојното поле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.