Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА.

Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите. Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии, кажа Трамп, додавајќи дека Белата куќа ќе даде дополнително соопштение, пренесе ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.