Досегашниот американски претседател, Доналд Трамп, неодамна разговарал со своите соработници за идејата за основање на нова политичка партија.

Како што пишува „Волстрит журнал“, минатата недела Трамп ја претставил идејата пред своите соработници и неколку блиски луѓе, а новата политичка партија, наводно би требало да се вика „Патриотска партија“.

Сега, кога се подготвувам да и ги предадам овластувањата на новата администрација, сакам да кажам дека движењето што го стартувавме е само почеток – нагласи Трамп во последните часови од мандатот, во својот проштален говор.

Сепак, останува да се види дали и колку поддршка ќе добие евентуално новоформираната партија предводена од Трамп. По обвинувањата кон Трамп дека тој ги поттикнал немирите во Вашингтон, многу републиканци му свртеа грб.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел го нападна обвинувајќи го за предизвикување насилство во Вашингтон, а медиумите претходно објавија дека потпретседателот Мајк Пенс бил гневен поради неговиот повик да ја блокира потврдата на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември минатата година.

Белата куќа потврди дека Трамп ќе го напушти Вашингтон четири часа пред церемонијата на инаугурација на Бајден. Според претходните извештаи, тој ќе ја напушти воената база Ендрјус и ќе се упати на неговиот имот во Палм Бич на Флорида, каде ќе ги помине следните неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.