Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е тажна одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркел да се откажат од нивниот статус на високи членови на британското кралско семејство.

Тажно е. Не сакам да навлегувам во детали. Имам голема почит кон кралицата Елизабета. Мислам дека не требаше да и се случи ова”, рече Трамп за Фокс њуз.

Хари и Меган неодамна ја објавија намерата да добијат финансиска независност и да поминат дел од времето во САД. Принцот Хари, ги помина Божиќните и новогодишните празници во Канада со сопругата и 8-месечниот син Арчи. Тие најавија дека планираат подеднакво да живеат во Соединетите држави и во Велика Британија.

Претходно беше објавено дека двајцата чувствуваат голем притисок од страна на британските медиуми, за кои сметаат дека им посветуват премногу внимание на нивните животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.