Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добро напредуваат преговорите за трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада, додавајќи дека и синдикатите се задоволни.

Според медиумите, таквиот коментар значи дека администрацијата на Трамп, американските демократски законодавци и Мексико се приближуваат до договор за измени на постоечкиот документ, со цел да може да биде усвоен во Конгресот.

Истовремено мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор ја повика претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси од Демократската партија да се ратификува северноамериканскиот трговски договор, иако мексикански деловни кругови сметаат дека предвидените измени ќе го ослабнат договор.

Обрадор вчера истакна дека мексиканските сенатори ги прифатиле забелешките на американските демократи кои се однесуваат на прашањата за работните односи и заштита на животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.