САД ќе објават важни информации кои се однедсуваат на лекувањето и развојот на вкацината за новиот коронавирус, објави во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп на средбата во Белата куќа со претставнциите на ресторатерскиот бизнис и индустријата.

„Ова е важен ден на планот на терапијата и вакцините, постигнат е огромен напредок, Следуваат големи објави“, рекол Трамп без да изнасе поединости.

На почетокот од мај Трамп изјави дека американските стручњаци веројатно ќе ја создадат вакцината против коронавирусто до крајот на 2020 година, иако според воспоставените норми за такво нешто се потребни најмалку 18 месеци.

Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни болести, минатиот вторник го предупреди Конгресот дека за развојот и пуштањето на пазарот на вакцината против новиот коронавирус „ќе биде потребно уште извесно време“ без оглед на помошта на сојузната влада во нејзиното производство. Според неговите претходно процени, во Вашингтон очекуваат дека вакцината ќе биде развиена до јануари 2021 година, но истакна дека тоа не може да се гарантира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.