Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја дочека веста дека Џо Бајден e избран за нов американски претседател, на неговиот терен за голф во Стерлинг, недалеку од Вашингтон.

„Волстрит журнал“ пишува дека неговите советници го молеле последните денови да се подготви за лошата опција.

Иако Трамп со месеци тврдеше дека изборите ќе бидат наместени за да бидат исфрлени од Белата куќа, неговите луѓе не беа подготвени за правната битка што Трамп ја вети во тој случај.

Самиот Трамп, наводно, не напишал победнички или говор во случај на пораз од суеверие. Никогаш не му паднало на памет дека може да изгуби. Во негов стил, тој одеше на победа, не размислувајќи за ништо друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.