Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил почестен што во 2018 година го отпушти поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис и дека тоа веројатно била единствената заедничка работа што ја имал со поранешниот претседател Барак Обама.

Тој тоа го напиша на Твитер по повод изјавата на Матис дека Трамп сака да ги подели САД и осудата по повод најавата за употреба на армијата како одговор на граѓанските немири.

Трамп рече дека му дал нов живот на Матис, и дека наместо да ги прави вистинските работи и „да води победнички битки“, тој „„дома ретко носел сланина“.

“Веројатно единствената работа што Барак Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Џејмс Матис, најпреценетиот генерал во светот. Ја побарав негова оставка и се чувствував одлично заради тоа. Неговиот прекар беше „хаос “, што не ми се допадна и го сменив во „бесното куче“.  Ми беше мило што си замина“, напиша Трамп на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.