Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека многу добро го запознал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и сугерирал дека и неговата жена го познава исто така.

Првата дама го запозна Ким Џонг-Ун и мислам дека се сложува со мене дека тој е човек со држава која има огромен потенцијал, изјавил Трамп на конференцијата на крајот на самитот на Г7 во Биариц, додека сопругата Меланија го набљудувала од публиката, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам малку подоцна објаснила дека Меланија никогаш не се сретнала со Ким, туку дека Трамп и се доверува на својата сопруга за бројни работи, вклучувајќи го и лидерот на Северна Кореја.

Иако првата дама го нема запознаено Ким, претседателот се чувствува како да го запознала, навела Гришам во соопштението и додала дека Меланија не се состанала тајно со севернокорејскиот лидер.

Како што се наведува, Меланија не била со својот сопруг на ниту еден од трите состаноци со Ким – ниту во јуни минатата година во Сингапур, ниту во Ханој во февруари, ниту на третиот состанок во јуни во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи.

Во соопштението на Белата куќа се наведува и дека Меланија немала таен состанок со Ким.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.