Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека наредната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата Рут Бадер Гинзберг во Врховниот суд на САД.

Името на кандидатот ќе го објавам во текот на наредната недела. Тоа ќе биде жена. Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите – изјави Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.

Американскиот претседател го повика Сенатот да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд „без одлагање“, со цел да се пополни местото што остана празно по смртта на судијката Рут Бадер Гизнберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.