Доналд Трамп Јуниор, син на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, откако Твитер му го блокираше профилот на татко му изјави дека светот се смее на Америка и дека слободата на говорот е „мртва“ и контролирана од „моќните левичари“.

-Светот се смее на Америка, а Мао, Ленин и Сталин имаат насмевки. Дали големите технолошки компании се способни да го цензурираат претседателот? Слободата на говор е мртва и контролирана од моќните левичари”, напиша Трамп Јуниор на твитер.

Тој исто така објави линк до неговата сопствена веб страница, објаснувајќи дека ќе ја користи во случај неговиот налог на твитер да биде забранет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.