Американскиот претседател Донал Трамп денеска објави дека Соеднетите американски држави ќе ја прогласат АНТИФА за терористичка организација.


Пред неколку месеци, обид за влез на АНТИФА во Македонија беше регистриран преку проекти на министерството за култура. Тогаш conservative.mk направија истражување за тоа дали Министерството за култура финансира потенцијална терористичка организација.

Ви го пренесуваме во целост:

➡️Покренати за истрага од ФБИ
➡️Радикализам
➡️Анти-семитизам
➡️Палење на 🇺🇸 американски знамиња во САД
➡️Тепање на новинари
➡️Напади врз слободата на говор
➡️#AntifaDomesticTerrorists

Иако според нејзиното име треба да означува движење кое се бори против фашизмот, Антифа се има претворено во организација чија главна цел е да се цензурираат сите идеи и мислења кои се наоѓаат десно од центарот на идеолошкиот спектар. Поттикнуваат насилни протести, ограбување на мали и средни бизниси, малтретирање на невино население и вршење на расистичка тортура врз сите кои не мислат како нив. Тоа најдобро се забележува деновиве во САД.

Преку разни активности, нејзините членови низ светот се борат за целосна цензура на идеи кои се спротивни од нивните, нешто што се има практикувано единствено за време на владеење на тоталитарни режими, меѓу кои и Фашистичкиот.

Прилично иронично за една организација со такво име?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.