Американскиот претседател Доналд Трамп (73) е познат по својот „долг јазик“ и потребата да даде свое мислење за сите случувања и тоа без цензура. Гостувајќи во една радио емисија, за политичките теми зборуваше со Најџел Фараж (55), но Трамп за кратко време премина на војводската Меган Маркл (38) и ѝ додели остар совет.

Ги гледав нејзините интервјуа и забележав дека се сфаќа премногу лично и сериозно. Не се носи добро со медиумските критики бидејќи е преслаба. До некаде можам да ја разберам, но не ја познавам – рекол претседателот Трамп.

За разлика од Меган, Трамп го има запознаено принцот Хари (35) и за него има високо мислење.

 

Тој е едно прекрасно момче. Целото семејство е прекрасно – заклучи Трамп, иако не можеше да се сети во која прилика го запознал принцот, но се чини дека оставил добар впечаток.

Принцот и американскио претседател се запознаа за време на тродневната посета на Трамп на Велика Британија, а Хари сигурно не заборавил дека Трамп, во една прилика, ја нарече Меган „одвратна личност“, откако актерката изјавила дека доколку победи Трамп, на изборите, ќе се пресели во Канада.

Доналд Трамп навистина победи и стана американски претседател, а Маркл ја напушти САД. Наместо во Канада, се одлучи за Лондон, а се чини дека дека кралското семејство не го симпатизира контроверзниот Трамп, иако тоа тој не го признава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.