Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од него, бидејќи за разлика од неговите претходници тој ги остварува ветувањата.

Тој, зборувајќи на форумот на Израелско-американскиот совет на Флорида, потсети дека го признал Ерусалим за престолнина на Израел, ја преместил американската амбасада таму и го признал израелскиот суверенитет во Голанската Висорамнина.

Трамп истакна дека неговите претходници ветувале дислоцирање на Амбасадата на САД, но тоа не го оствариле.

По мое мислење тие никогаш не планирале да го направат тоа. Но за разлика од други претседатели, јас ги исполнувам ветувањата – нагласи американскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.