Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во ги нападна четирите пратенички на опозициската Демократска партија во Конгресот, повикувајќи ги да се извинат, како што стори тој самиот.

Не верувам дека четирите конгресменки се способни да ја сакаат нашата земја. Би требало да им се извинат на САД (и на Израел) за ужасните работи (полни со омраза) што ги искажаа, напиша на Tвитер американскиот претседател Доналд Трамп.

Минатиот викенд Трамп напиша дека четирите конгресменки, од кои три се родени во САД, треба да се „вратат во уништените и со криминалот опустошени места од кои дошле“, потоа во понеделникот им ја упати пораката „Доколку не ја сакате нашата земјата и не сте среќни тука, слободно заминете“, а во вторникот возврати на обвинувањата дека неговите објави „НЕ СЕ расистички“.

Станува збор за Александрија Оказио-Кортез од државата Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Ајана Присли од Масачусетс и Рашида Тлаиб од Мичиген, група конгресменки на опозициската Демократска партија кои себеси се нарекуваат „прогресивни“ и се познати по критиките упатени кон Доналд Трамп, но и кон актуелното водство на нивната партија во Конгресот. Меѓу нив, единствено Омар, чиешто семејство ја напуштило Сомалија и се преселило во Минеаполис во 1997 година, е родена надвор од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.