Непосредно пред заминувањето од Давос, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да ја слушне шведската активистка Грета Тунберг како зборува на Светскиот економски форум.

Трамп изјави дека Тунберг го победила во трката за насловната страница на магазинот „Тајм”, алудирајќи на изборот на списанието за „Личност на годината”.

Тој вчера зборуваше за климатските промени, додека Тунберг седеше во публиката, а еден час подоцна таа го повтори она што го кажа минатата година: „Нашата куќа сè уште гори. Вашата неактивност го разгорува огнот”.

Пред да го напушти Давос, Трамп им рече на новинарите дека сакал да го слушне говорот на Грета. Тој оцени дека Тунберг треба да го пренасочи вниманието од САД кон другите земји каде што загадувањето е многу поголемо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.